ПОПРВО ЌЕ ДОБИЕТЕ ЦИРОЗА ОД ГАЗИРАН СОК ОТКОЛКУ ОД АЛКОХОЛ Кој пијалак има најлош ефект врз црниот дроб?
Кога станува збор за оштетување на црниот дроб, обично веднаш се мисли на алкохолот, но истражувањата покажале дека значително поголема штета доаѓа од другите, можеби попопуларни пијалаци.
За разлика од алкохолот, не постои минимална возраст за засладени газирани пијалаци, а тоа се пијалаците кои според новото истражување повеќе му штетат на црниот дроб.
Заклучокот го донеле професорите од Медицинскиот универзитет во Бостон и бил објавен во списанието Clinical Gastroenterology and Hepatology.
Ова било засновано на дел од студија спроведена од 1948 година во градот Фрамингем, Масачусетс, како дел од таканаречената „Фрамингемска студија за срце“, која оттогаш го проучува влијанието на начинот на живот (како што се пушењето и исхраната) врз здравјето.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.