ПОПРАВАЛА ЗАБИ СО ФАЛСИФИКУВАНА ДИПЛОМА ОД ПРИШТИНА Во Белград уапсена лажна забарка со приватна ординација

Ординацијата е затворена, а против лажната белградска забарка е поднесена кривична пријава за надрилекарство и таа е задржана во притвор.

8,530

Во Белград е уапсена 48-годишна Србинка, која работела како стоматолог во нејзината стоматолошка ординација „Б.В. Дентал естетик“ со фалсификувана диплома издадена од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина. Ординацијата е затворена, а против лажната белградска забарка е поднесена кривична пријава и таа е задржана во притвор.

Таа е осомничена за надрилекарство и надриаптекарство, давање медицински услуги, како и за фалсификување на диплома од Медицинскиот факултет во Приштина, што очигледно и овозможило да работи во ординацијата.






Како што се наведува во соопштението на српското основно јавно обвинителство, од наводите на полициската кривична пријава, произлегува дека постојат основи на сомнение дека забраката со лажна диплома „доктор по стоматологија“ кривичните дела ги сторила во периодот од 21.11. .2021 година до денот на поднесување на кривичната пријава, во нејзината стоматолошка ординација „Б.В. дентал естетик“ на Савски венац во Белград, во која освен стоматолошки услуги, извршувала и услуги за “антиејџ” медицински третмани.

Иако осомничената негирала дека има фалсификат докторска диплома, со последователните проверки е утврдено дека дипломата од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина била фалсификувана.

 

Поврзани содржини