Поповски: Ние сме со посебен јазик и историја, најмногу сме живееле со Албанците заедно под различни власти

Професорот вели дека тоа е толку излитен аргумент бидејќи тие се повикуваат на средновековна Бугарија, на цар Симеон кој ја владеел Македонија.

77

Професорот и актуелен советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Поповски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ние сме со посебен јазик и историја.

– Да ги развиваме добрите економски односи, да го спречиме јазикот на омраза кон Бугарите, конечно Бугарите ни се близок народ. Бугарија низ историјата прими најголема македонска емиграција, со потекло од Македонија веројатно има околу 2 милиони Бугари, исто така има и во Србија но помалку. Тврдењето на таа основа дека ние сме Бугари и дека јазикот ни е бугарски не е точно – истакнува Поповски.






Професорот вели дека тоа е толку излитен аргумент бидејќи тие се повикуваат на средновековна Бугарија, на цар Симеон кој ја владеел Македонија.

– Имаме заедничка историја со Бугарија, Србија, Византија каде што грчкиот елемент беше доминантен 2 века, со Турција 5 века заедничка историја, а заедно сме живееле со Албанците најмногу под различни власти и ние сме со заедничка историја. Ние сме дел од таа историја, но ние сме посебен народ со посебен јазик – порачува Поповски.

Професорот одговори на тоа дали се согласува со министерот за надворешни работи Бујар Османи за настап кон Бугарија без емоции.

Тој порача дека нема разговор за идентитенските прашања.

– Нема разговор за идентитетски прашања дека ние сме и се чувствуваме Македонци, дека нашиот јазик е македонски, дека името на нашата државата се вика Македонија, Република Северна Македонија после Преспанскиот договор. За тоа не можеме да расправаме – подвлече Поповски.

Истакнува дека според информациите, спорот со Бугарија е поради тоа дали сме ние Македонци од 45-та година, како што е бугарската теза и како резултат на влијанието на кинтерната на Сталин и Тито а до тогаш сме биле Бугари, и второ дали нашиот јазик е како посебна гранка од словенските јазици или е варијанта на бугарскиот јазик како западна варијанта на бугарскиот јазик.

– На овој план би требало, како што е пракса во Европа, историјата и историските прашања да се остават на историчарите, да се разграничи политиката од историјата – додава Поповски.

Поврзани содржини
na