ПОПОВСКИ НЕ МУ ВЕРУВА НА РУТЕ Бугарија е оставена од ЕУ да прави што сака
„Овој господин едноставно не ја зборува вистината, односно сите нас не` л*ж*. Бугарија де факто е оставена да прави што сака. Впрочем и неговата држава најчесто го правеше истото тоа во минатото и не е исклучено пак да го прави. Сетете се на Меркел со своите ветувања пред промената на името на државата“, напиша Поповски.
Поранешниот министер за финасии, а воедно и висок партиски функционер во СДСМ Никола Поповски, ја коментираше изјавата на холандскиот премиер Марк Руте, дадена при посетата на Македонија.
– Ако граѓаните на Северна Македонија мислат дека прашањето со Бугарија го оставаме да виси, дека не сме заинтересирани и дека Бугарија може да прави што сака, тоа не е точно – изјави Руте.
Реакцијата на Поповски беше објавена на Фејсбук.