Попова Шапка ќе оди на продажба заедно со другиот државен имот

Премиерот Зоран Заев вели дека познати компании од Швајцарија, Италија, Австрија за скијачки центри како што е Попова Шапка.

1,290

Владата ќе ги продава и скијачкиот центар Попова Шапка и објектот на ЕСМ во Ливадиште покрај државните Железници-Транспорт, Македонска пошта, Еурокомпозит, Тутунскиот комбинат-Прилеп и ТЕЦ Неготино. Ова го изјави премиерот Зоран Заев во емисија на МТВ.

-Заинтересирани имаме веќе од Австрија, Словенија, Романија, Чешка и сл. Имаме заинтересираност од земји на Вишеградската група да инвестираат во такви дејности. Но, имаме пример од познати компании од Швајцарија, Италија, Австрија за скијачки центри како што е Попова Шапка. Во Косово испорачавме понуда да влеземе заедно со Брезовица од нивна страна за да биде попримамлива. Генерално се позитивни и верувам дека можеби и заедно да одиме. Ливадиште во струшкиот дел е нешто што е навистина 100 отсто сопственост на ЕСМ, ама не го користиме како ресурс – рече премиерот.






Според премиерот, ќе се продава 100 отсто, може да биде јавно приватно партнерство, државата да остане еден дел, дури и под концесија да се даде итн.

Анализата покажува дека земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост, рече Заев, вреди повеќе од две милијарди евра. Од тоа се очекувамат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023 година.

Приходи се очекуваат и од внесување на кеш парите коишто се надвор од системот. Тоа значи дека се што не е кривично гонето или под истрага да може со плаќање на данок да се внесе во систем, додаде премиерот.

Дополнителна мерка е легализацијата на возилата со странски таблички. Проценката е дека тоа може да донесе помеѓу 20 и 40 милиони евра приход на државата.

Заев рече дека се отвораат и авангардни дебати за декриминализација и легализација на марихуаната, за проекти од енергетиката и штедење на енергијата

Најави и намалување на даночната евазија, која според ММФ е 37 отсто што значи дека се губат милијарда и 400 милиони евра кои можат да се внесат во буџетот.

Поврзани содржини