Попоски од ГДУ до Уставен суд: Вие „разумни луѓе“
Како некои иницијативи ви „спијат“ со месеци а други „волшебно” се појавуваат на дневен ред. Како „вашата сопственост” е заштитена со Уставот, а во 2017 година ја отфрливте иницијативата за оценување на уставноста на правилата за снабдување со топлинска енергија
Упорно избегнувате да востановите атмосфера што ќе ја развие праксата и доктрината во делот на правата и слободите. Впрочем, тоа ви е и основната обврска – заштита на слободите и правата на човекот и на граѓанинот. Скриени зад сувопарните „бирократски формулации“ многу повеќе отколку со издржани правни квалификации, вие сте повеќе пречка отколку заштита на правата и слободите, реагира на прес конференција портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски на удлуката на Уставен суд функционерите и судиите да земат цела плата.
– Според кој ум и разум се водевте во 2016 година, кога во рок од само три месеци донесовте две различни одлуки за една иста работа – прво дека не сте надлежни да ја разгледувате одлуката за распуштање на Собранието, а потоа се прогласивте за надлежни?
Како некои иницијативи ви „спијат“ со месеци а други „волшебно” се појавуваат на дневен ред. Како „вашата сопственост” е заштитена со Уставот, а во 2017 година ја отфрливте иницијативата за оценување на уставноста на правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со која беше воведена обврска граѓаните што не користат топлинска енергија да плаќаат паушален надомест. Или сопственоста на граѓаните според вашиот ум и разум не е заштитена со Устав како вашата сопственост?
Зарем не сфаќате дека на принципот „Dura Lex Sed Lex“ (и суровиот закон е закон) му истечено времето, дека покрај академското знаење кое можеби го имате, а можеби и не, треба да обрнете сериозно внимание и на елементарните етички вредности. Застрашувачко е отсуството и на двете – вели Попоски.