📽️ АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД ПОПЛАВИТЕ, ВОДАТА ИМ Е ДО РАМЕНИЦИ НА СПАСУВАЧИТЕ БиХ бара меѓународна помош
„Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, денеска е испратено барање за меѓународна помош за санација на последиците од поплавите и свлечиштата што ги погодија неколку општини во БиХ“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ.
Бројот на загинати во подрачјето погодено од поплавите во БиХ се зголеми на 18, покажуваат официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон. Пребарувајќи ги терените на Коњиќ и Јабланица, спасувачите пронашле уште две безживотни тела, едното во Бутуровиќ Поље, другото во областа Доња Јабланица.
Последните информации говореа дека бројот на жртви во оваа област е 13, но дека неколку лица се водат како исчезнати.Вкупниот број на жртви во поплавите во Босна и Херцеговина се искачи на 18, бидејќи три лица беа пронајдени мртви во областа Фојница.
Припадниците на Цивилната заштита на Српска учествуваат во акцијата за пребарување и спасување во Долна Јабланица. Еден од нив снимил видео на кое се гледа дека водата му дошла речиси до рамениците.
Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина побара меѓународна помош од Европската Унија за справување со последиците од поплавите.
„Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, денеска е испратено барање за меѓународна помош за санација на последиците од поплавите и свлечиштата што ги погодија неколку општини во БиХ“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ.
Барањето е испратено по одлуката на Владата на Федерацијата БиХ, според која, поради обемот на поплавите, е потребна меѓународна помош и доставен е список на најнеопходната опрема и средства.
„Министерството за безбедност на БиХ е во постојан контакт со претставници на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во Брисел, со цел подготвената помош која ќе биде испратена до БиХ да стигне што полесно и побрзо до жителите и општините на кои им е најпотребна во овој момент“, се наведува во соопштението.
Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, изјави дека Министерството ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и ќе ја координира доставата на помош во погодените подрачја.