📽️ ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ ВО КРАГУЕВАЦ Бура ја зафати Источна Србија, најавен е град

Бурата ја погоди Источна Србија, носејќи обилни врнежи од дожд и силни грмотевици. Некои населби останаа без струја. Според Републичката хидрометеоролошка служба на Србија, денес се очекува посилна промена на времето под влијание на циклон.

405

Голема бура денес погоди делови од Србија, а Крагуевац беше особено погоден. Силниот дожд беше толку интензивен што не можеше да се види ни прст пред око, а како што може да се види во објавите на Инстаграм профилот „kragujevcani.rs“, патиштата во тој град беа поплавени, а возилата на еден од попроодните патишта едвај можеа да се движат низ големата количина вода, пишува српски Мондо.

Бурата ја погоди Источна Србија, носејќи обилни врнежи од дожд и силни грмотевици. Некои населби останаа без струја.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs)


Според Републичката хидрометеоролошка служба на Србија, денес се очекува посилна промена на времето под влијание на циклон.

„Поројните дождови и грмотевици што се очекуваат во Србија денес ќе бидат локално придружени со град и силни или бурни ветрови. Најголемата веројатност да наврне град е во областа од западна и југозападна Србија преку Шумадија и Поморавје подалеку на исток од земјата, додека услови за краткотрајни силни или бурни ветрови ќе бидат присутни и подалеку на север и на југ од ова подрачје. За одредени локации, предупредувањата за итни случаи ќе бидат издадени еден до два часа однапред“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини