📷 ПОПЛАВАТА ГО ЗАРОБИ ЛЕВАНДОВСКИ ВО ДОМОТ Водата му дојде до прагот и не отиде на тренинг

Неговата сопруга Ана објави неверојатно видео на кое се гледа како буквално се заробени во куќата.

716

Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија Шпанија вчера ја парализираа Барселона.

Поради ова фудбалерите на Барселона не тренираа на стадионот, за што подобро да се подготват за гостувањето кај Црвена Звезда во натпреварот од четвртото коло од Лигата на шампионите во среда од 21 часот.






Наместо тоа, дел од тимот тренираше во салата. Меѓу нив го немаше Роберт Левандовски. Неговата сопруга Ана објави неверојатно видео на кое се гледа како буквално се заробени во куќата.

 

Водата буквално им стигна до прагот, а автомобилите слободно пливаат низ поплавените улици.

Барселона во денеска во попладневните часови треба да пристигне во Белград, а натпреварот е в среда од 21 часот на стадионот „Рајко Митиќ“.

 

Поврзани содржини