ПОПЛАВА НОСИ АВТОМОБИЛИ ВО ИТАЛИЈА Двајца убиени во пороите, луѓето не смеат да излегуваат од дома (ВИДЕО)

Двајца постари мажи се првите жртви на невидените и безмилосни поплави во Сицилија, а власта на островот наредила никој да не излегува од дома. Сепак, водата и калта веќе навлегува во некои домови.

516

Поплави, порој и обилни дождови носеа автомобили и земаа две жртви на италијанскиот остров Сицилија, а некои бурата ја споредуваат со „насилен ураган“, пишува Јутарни. Бурата доаѓа како одговор на ерупцијата на вулканот Етна, а на луѓето им е забрането да излегуваат од дома иако големо количество вода и кал веќе влегуваат по домовите.

 






Првата жртва, 53-годишен маж загина кога неговото возило беше пронајдено во водата во Катанија, на источниот брег на островот, објави во вторникот агенцијата АНСА. Полицијата верува дека тој излегол од возилото и се обидел да побегне од надојдената вода, но не успеал. Неговото безживотно тело било пронајдено во близина.

 

Во слична трагедија во неделата, 67-годишен маж загина во Катанија, откако неговиот автомобил се заглавил во вода и кал. По неговата сопруга сè уште се трага, соопштија од итните служби. Ретка бура слична на ураган вчера ги поплави источните делови на Сицилија и соседна Калабрија.

Градоначалникот Салво Поглиезе на Фејсбук напиша дека бурите „никогаш не биле толку насилни и со таков интензитет“. Тој нареди од безбедносни причини до полноќ да се затворат сите деловни објекти, освен аптеките и намирниците.

 

Бурата веројатно ќе продолжи и во следните денови, информираат градските власти.

Поврзани содржини