Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе достигне 30 степени.