ПОПЛАДНЕ НЕВРЕМЕ ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ И денеска ќе биде многу топло

534

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а UV индексот ќе биде 8.

Температурите ќе се движат во интервал од 30 до 38 степени.

И во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност.

До понеделник ќе се задржи многу топло време. Кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.

Поврзани содржини