ПОПЛАДНЕ НЀ ОЧЕКУВА НЕВРЕМЕ Еве каде ќе има пороен дожд, силен ветер и град
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава ан невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Температурата ќе се движи од 19 до 32 степени.
Денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Минималните утрински температури ќе се движат од 11 во Берово до 20 во Гевгелија, а максималните дневни од 22 во Маврово и 34 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Температурата ќе се движи од 19 до 32 степени.
В вторник во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Минималната температурата ќе се движи од 12 до 21 степени, до максимални 25 до 33 степени.
До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.
Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.
Минималната температурата ќе се движи од 10 до 19 степени, до максимални 27 до 34 степени.