Попладне ќе се разведри, од утре потопло

Од утре следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.

260

Денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.






Од утре следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.

Поврзани содржини