ПОПЛАДНЕ ЌЕ ИМА ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР Денот ќе биде сончев и топол

5,307

Денеска претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално се прогнозирра невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и појава на град.






Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје  времето ќе биде претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи исо краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.

 

 

Поврзани содржини