ПОПИСОТ ПРОДОЛЖУВА ВО ПОСАКУВАНИОТ ИНТЕНЗИТЕТ До вчера попишани над 300.000 граѓани
Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас - се додава во соопштението на Државниот завод за статистика.
Процесот на попишување продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, со што заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, попишани се 308.551 лице, информира денеска Државниот завод за статистика (ДЗС), додавајќи дека само вчера биле попишани 114.308 лица.
– Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021. stat.gov.mk – се наведува во соопштението на ДЗС.
Од таму посочуваат дела попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.
– Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас – се додава во соопштението на Државниот завод за статистика.