ПОПИСОТ НЕМА ДА ПРОДОЛЖИ Симовски вели дека немало потреба
Директорот на Државниот завод за статистика вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан и додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.
Нема потреба од пролонгирање на рокот за спроведување на пописот, бидејќи целиот процес ќе биде комплетиран навреме, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за ТВ21 .
Дел од граѓаните се жалат дека попишувачите воопшто не дошле во нивните домови
Симовски вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан и додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.
Граѓаните можат да се попишат и на локации во своите општини.
Oд Владата денеска информираа дека не е разговарано за пролонгирање на пописот, и дека ДЗС ќе го има последниот збор.