ПОПИШУВАЧИТЕ ОДБИВАЛЕ ДА ГИ ПОПИШАТ МАКЕДОНЦИТЕ, НЕМАЛО ТАКВА ГРАФА Во Бугарија живеат само 1.143 Македонци и сите се попишале онлајн?

Кога би можеле без страв да кажат дека се Македонци, бројката на македонското малцинство ќе биде поголема, вели претседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков.

671

Претседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков, вели дека нереално е во Бугарија да живеат само 1.143 Македонци колку што покажа последниот попис.

Тој во интервју за ТВ Алфа вели дека Македонците во Бугаирја немале можност да се изјаснат како Македонци.






– Немаа слобода да се изјаснуваат, немаше табела за македонска националност, а информациите говорат дека попишувачите одбивале или тврделе дека нема како да ги попишат тие што се чуствуваат Македонци – коментира Стојков.

Тој вели дека, сепак, бугарските власти не успеаја во своите намери да покажат дека Македонци не живеат во Бугарија.

Стојков е категоричен дека оваа бројка од 1.143 Македонци се само оние кои се попишале онлајн.

– Кога би можеле без страв да кажат дека се Македонци, бројката на македонското малцинство ќе биде поголема – вели Стојков.

Освен Бугари, кои доминираат со скоро 85 проценти, како припадници на други етнички заедници се прикажани Турците и Ромите, а сите други, за кои не се соопштени податоци за припадноста, се прикажани во група „други“ кои сочинуваат 1,3 отсто од населението.

Поврзани содржини