ПОПИШУВАЧИ СЕ БАРААТ ОЧАЈНО Пописот нема да се одложи

Премиерот Заев апелира до сите институции, приватни фирми, граѓани и политички субјекти да помогнат во обезбедување на вкупниот број на попишувачи.

577

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се размислува да се одложи стартот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

– Пописот е веќе договорен по барање на сериозен учесник во нашето општество, тоа е најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Толеранцијата е доблест на владејачките партии, на чело со СДСМ тоа го прифатија и го одложивме пописот што ќе се спроведе од 5 септември до 30 септември – изјави Заев по означувањето на почетокот на јужнокорејската инвестиција во ТИРЗ Скопје 2.






Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот посочи дека овие денови, на пресекот на одморите, на 15 август се прават дополнителни напори за да можат граѓаните да се пријават за спроведување на пописот.

– Апелирам уште еднаш до граѓаните, примањата се од 25.000 до 45.000 денари за овие 25 дена работа. Апелирам граѓаните, посебно во општините кои Заводот за статистика ги објавува, каде има дефицит на луѓе да се пријават за да може да се заокружат навремено сите бројки. Верувам дека ќе имаме доволно попишувачи. Aпелирам до сите, дали се институции, приватни фирми, пред сѐ, кон граѓаните, но и политичките субјекти да помогнат во обезбедување на вкупните бројки на попишувачи – рече премиерот Заев.

Заев потенцира дека од 25.000 до 45.000 денари е приходот за попишувачите, за 25 дена анкетирање.

– Не само што не смееме да размислуваме за одложување, пописот е наша обврска, наша должност. Сите сме заедно во оваа работа. Еве и опозицијата со своите барања, прифатена, вградена внатре, сите да спроведеме попис поради тоа што тоа е статистичка операција која е насушно потребна за сите наши економски планови и предвизвици кои ги имаме пред нас. И конечно по 20 години да ја спроведеме како статистичка операција – изјави Заев.

Поврзани содржини