ПОПИС НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА НЕ ГИ ВОЗАТ ВО КАМПАЊА Измени во Изборниот законик
Со измените во Изборниот законик, се предвидува да можат да гласаат и лица на кои им истекол рокот на важност на лични карти, а кој рок истекол од денот на распишување на изборите до денот на нивно одржување, што значи од 6 август до 30 октомври.
Со поважните измени на Изборниот законик се воведува обврска најдоцна до 25 септември до 24 часот за сите службени органи и институции кои располагаат со возила да ги достават податоците до Државната комисија за спречување на корупцијата, со цел увид во нивното користење за време на изборите и спречување на евентуални злоупотреби, информира Борис Кондарко, член на Државната изборна комисија.
За сите радиодифузери, печатени медиуми и портали, кои се регистрирани за платено политичко рекламирање во ДИК, остануваат нивните регистрации, а оние кои го пропуштиле рокот, се определува нов рок за регистрација. Тој рок ќе почне денеска и ќе трае до 19 септември, заклучно со недела до 24 часот.
Со измените во Изборниот законик, се предвидува да можат да гласаат и лица на кои им истекол рокот на важност на лични карти, а кој рок истекол од денот на распишување на изборите до денот на нивно одржување, што значи од 6 август до 30 октомври.
Кондарко информира дека во најскоро време ДИК ќе направи упатства и соодветни обрасци за оние за кои се однесуваат измените во Изборниот законик опфатени во ревидираниот роковник.
– Се предвидува и рок за пријавување на лицата кои се позитивни на коронавирусот или се во самоизолација за гласање во домашни услови. Овие лица ќе гласаат ден пред одржувањето на првиот круг, односно 16 октомври и 30 октомври доколку има втор круг – соопшти Кондарко.
Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година. Изборната кампања за првиот круг на гласање почнува на 27 септември во 00:00 часот и трае до 24 часот на 15 октомври. Кампањата за вториот круг на гласање, пак, трае до 24 часот на 29 октомври.