ПОПИС НА „ГРЕВОВИТЕ“ НА НОВИТЕ МИНИСТРИ И ЗАМЕНИЦИ ВО ВЛАДАТА НА КОВАЧЕВСКИ Еве што открива ВМРО-ДПМНЕ за Лога, Меџити, Јајага, Аврамовска-Мадиќ, Манолева…

774

„Предлог-листата за нови министри и заменици во владата е вистинска Пазар 3 листа за спас на владата на Ахмети и на Ковачевски, продолжување на рокот за криминал, тендери, кризи и за порази за Македонија“.

Ова го изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, поставувајќи му на премиерот Димитар Ковачевски прашања за кандидатите.






„Дали за министер за правда го предлага Кренар Лога, брат на Крешник Лога со кривична пријава за убиство на Дилавер Бојку, од 2020 година, за убиство и убиство во обид?

Дали за Викторија Аврамовска-Мадиќ е поднесена кривична пријава до ОЈО за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, „тешка“ 75.000? Како, додека таа е генерален секретар на Скопје, зетот од сестра ѝ добива над 4 милиони евра, како познатите скали од фирмата Армор Плус?

Дали новиот министер за здравство Фатмир Меџити е истиот доктор кој што е конфликтен, корумпиран, дали е поврзан со скандали со шверц на лекови, претседател на УО на ФЗОМ во време на скандали, а функцијата ја добива само заради кумашинската врска со Арбен Таравари?

Дали Маја Манолева што ја предлага за заменичка за здравство е истата Маја Манолева, којашто не ги почитува антикорупциските норми и ДКСК мораше јавно да ја повикува дека додека е директор на ЈЗУ Завод за физикална медицина не може да има приватна установа „Физиоплус др. Манолева”? И дали немало повеќе од судир, препраќање на пациентите од јавно во приватното семејно здравство? Притоа, таа е и потпретседател на Лекарската комора.

Кога станува збор за одбраната, дали е по НАТО стандарди да предлага човек којшто демонстрирал за Илирида? Односно, дали Тирон Јајага, предложен за заменик на министерката Славјанка Петровска бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел поради учество на протест за Илирида додека бил член на мисијата во НАТО, а по смена на власта во 2017 бил помилуван за случајот?“

Ништо поразлично не е ако се прочепкаат и другите предложени имиња од Ковачевски, вели Стоилковски и реди:

„Каја Шукова, новата министерка за животна средина, о 2020 во име на СДСМ ветуваше чист воздух, мерки, а сега дури и Берово е загадено!

Новата заменичка во земјоделство Вјолца Бериша треба самата да објасни дали се помирила и дали ги заборавила загинатите во пожарот во модуларната болница, за што ги обвинуваше токму СДСМ и ДУИ и држеше пресови во кои порачуваше ‘ние нема да дозволиме рециклирање на измами и нема да ги заборавиме починатите во пожарот’. Очигледно, до министерско столче!

Ковачевски треба да објасни и за мотивите за предлог на новиот заменик министер за образование, дали сега со полициски методи Агим Нухиум ќе го утишува револтот во образованието од немање учебници и другите поразителни скандали и зафати?

И почитувани на крајот Ковачевски би требало да каже дали токму референцата дека бил советник на премиер во влада на ВМРО-ДПМНЕ, е пресудна за Азир Алиу да биде поставен за министер за администрација?“

Со овој избор на нова влада со рок од неполни 10 месеци, Македонија во услови на енергетска, економска, финансиска, должничка, криза нема да добие никаков квалитет туку единствено се пополнуваат редовите во Собрание за задржување на тенкото мнозинство. Причина за тоа се тендерите, договорите во четири очи и обид да се избега од правдата, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини