ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ ПОПЛАДНE На планините ќе заврне снег

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 8 до 16 степени.

1,279

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот во текот на денешниот ден ќе имаме повремени најпрвин локални врнежи од дожд, додека во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре (петок 17 октомври) врнежите повремено ќе бидат пообилни и ќе се прошират во најголем дел од земјава.

Поради падот на температурите и продорот на поладен воздух од североисток, на највисоките планински врвови (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови за повремен снег.






Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 8 до 16 степени, а во Скопје и околината максималната температура денес и утре (петок 17 октомври) ќе се искачува до 13 степени.

Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк.

 

Поврзани содржини