ПОНИЖУВАЊЕТО ВО БИТОЛА Е ПОСЛЕДИЦА НА БРИШЕЊЕТО НА АСНОМ Османи да си поднесе оставка

Ние како опозиција предупредувавме дека не треба да се менуваат и да се бришат одлуките на АСНОМ, но СДСМ и ДУИ го направија тоа што го направија заедно со ЛДП, ДОМ и другите коалициски партнери и сметам дека овие последици се резултат на таквите поданички политики кои што ги донесоа со 64 пратеници во декември 2018 година, вели Милошоски.

260

Тоа беше понижување и за Битола и за целата Македонија и провокација која не ги зближува ниту Македонија со Бугарија ниту обратно, туку создава дополнителен раздор. Јас само би потенцирал дека ова што се случи во Битола како чин на дрска провокација кон македонскиот народ е последица на гласањето од декември 2018-та година кога 64 пратеници на СДСМ и нивната коалиција, гласаа за бришење на одлуките на АСНОМ од Уставот на Република Македонија и кога вие гласате за бришење на одлуките на Антифашистичкото собрание од Уставот, тогаш ова се последиците, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Ние како опозиција предупредувавме дека не треба да се менуваат и да се бришат одлуките на АСНОМ, но СДСМ и ДУИ го направија тоа што го направија заедно со ЛДП, ДОМ и другите коалициски партнери и сметам дека овие последици се резултат на таквите поданички политики кои што ги донесоа со 64 пратеници во декември 2018 година. Се надевам дека министерот Османи ќе има доблест во најмала рака да си поднесе оставка за ваквата провокација која се случи со негово знаење – кажа Милошоски.

Поврзани содржини