Понискиот ДДВ за струјата минимално ќе ги намали сметките за струја

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, смета дека намалувањето на ДДВ на 5 отсто за стриујата е добро решение.

269

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со намалувањето на ДДВ за електрична енергија од 18 % на 5%. На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.

– Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВто за електрична енергија – изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.






Тој додаде дека со  одлуката се  гарантира сигурност и стабилност во испораката на електрична енергија.

– Од побараните 50 денари на 1.000 денари сметка за електрична енергија од страна на сите енергетски компании што ги регулираме, одобрени се 6 денари. На останатите елементи во крајната цена  РКЕ нема влијание, а тоа се: увозот на струјата кој во првите шест месеци изнесуваше 32 милиони евра, маржата на ЕВН Хоме, трошокот за обновливи извори кој е зголемен за 1,5 милиони евра, цената на ЕСМ која во просек во однос на минатата година е зголемена за 2,5% – рече Бислимоски.

Тој смета дека намалувањето на ДДВ е добро решение, но, според него,  е неопходно да се има системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија.

Поврзани содржини