СЕ БАРА ПОНИШТУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ И НОВО ГЛАСАЊЕ ВО ГРУЗИЈА Илјадници протестираат во Тбилиси

Лидерот на коалицијата Обединето национално движење Гиорги Вашадзе изјави дека опозицијата нема да учествува во никакви преговори со власта и оти ќе се залага за нови избори под меѓународен надзор.

320

Илјадници Грузијци се собраа вечерва на протести пред парламентот во Тбилиси. Тие  бараат поништување на парламентарните избори кои се одржаа изминатиот викенд.

– Не ги изгубивте изборите. Ви го украдоа гласот и се обидоа да ја украдат иднината, но никој нема право да го направи тоа и никому нема да му го дозволите тоа – им порача претседателката на грузија, Саломе Зурабишвили на демонстрантите кои вееја грузиски и знамиња на Европската Унија.






Зурабишвили, која има главно церемонијална функција, најави дека ќе продолжи да го застапува патот кон Европската Унија.

– Немаме алтернатива, сакаме да ја оставиме оваа земја на следните генерации – нагласи таа.

Лидерот на коалицијата Обединето национално движење Гиорги Вашадзе изјави дека опозицијата нема да учествува во никакви преговори со власта и оти ќе се залага за нови избори под меѓународен надзор.

– Нема да влеземе во овој парламент. Ги одбиваме сите мандати. Нема да влегуваме во никакви преговори. Ќе се бориме до победа и ви ветуваме дека заедно сигурно ќе победиме, изјави тој.

Централната изборна комисија на земјата соопшти дека партијата Грузиски сон освоила 54,8 отсто од гласовите на изборите.

Грузиската влада и локалната Централна изборна комисија соопштија дека гласањето било фер и слободно, додека набљудувачите велат дека има значителни нерегуларности.

Поврзани содржини