ПОНИШТЕНО ДРЖАВЈАНСТВОТО НА ОНИШЧЕНКО Владата се повикува на Законот за државјанство

Одлуката е донесена откако владата го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи.

117

Владата на денешната седница одлучи да ја поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Владата ја донесе оваа одлука откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

„Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија“, информира владината прес-служба.

Поврзани содржини