ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се јавила само една фирма ама и таа не ги исполнувала условите
На јавниот повик кој беше објавен на 17 јуни со краен рок за доставување на понудите до 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда, соопшти Министерството.
Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.
На јавниот повик кој беше објавен на 17 јуни со краен рок за доставување на понудите до 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда, соопшти Министерството.
По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, утврдила дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик.
Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.