ПОНИШТЕН Е ТЕНДЕР НА МЕПСО ОД 900.000 ЕВРА Компанијата што го добила немала ресурси да го спроведе

Министерство информира дека  покренало постапка за итна ревизија на сите институции што се под негова  надлежност и по спроведената постапка ќе побараме реакција од обвинителството.

675

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека поништила тендер во МЕПСО во вредност од 900.000 евра, поради тоа што компанијата која се пријавила и го добила немала ресурси за спроведување на договореното.

Министерство информира дека покренало постапка за итна ревизија на сите институции што се под негова надлежност и по спроведената постапка ќе побараме реакција од обвинителството.






„Во моментов во фаза на ревидирање се постапките за јавни набавки во сите институции кои се спроведувале во време на техничката Влада. Поништен е тендер во МЕПСО од 900.000 евра каде компанијата што се пријавила и го добила нема капацитет ниту ресурси за спроведување на истиот“, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму додаваат дека се усогласува и Уредбата за гаранции на потекло со Енергетската заедница која веќе е поставена на ЕНЕР каде е јавна и може да се коментира.

„Како држава сме на јавна критика од Енергетската заедница поради неносење на измените на Законите за енергетика и за обновливи извори на енергија. Формирана е работна група во рамките на Министерството каде учествуваат претставници на МЕПСО, ЕСМ, ЕВН, ЕБРД и Енергетската заедница и се работи на законските измени кои потоа ќе бидат преставени на јавноста и ставени на јавна дискусија“, се додава во соопштението.

Во него се поздравуваат сите иницијативи кои носат поголема одговорност и транспарентност во делот на енергетиката, каде што додаваат, се направени најголемите криминали за што досега неколкупати алармирале и од Државниот завод за ревизија но без никаков успех.

„Ова Министерство е формирано за да се намали корупцијата, која порано токму поради непостоење на ваков тип на институција  се носеа одлуки, постапки без закони туку со правилници и одлуки на владини седници за кои јавноста и многу малку знаеше. Оваа практика мора да заврши“, се додава во соопштението.

МЕПСО одговори на прашањата на Плусинфо за тоа дали фирмата не ги исполнувала условите на тендерот, дали во договорот има клаузула со која фирмата може да бара отштета од МЕПСО и дали ќе биде распишан нов тендер.

Во врска со случајот од МЕПСО велат:

„Менаџментот на АД МЕПСО по детално направената анализа на веќе распишаните постапки за јавни набавки, утврди видни пропусти во тендерската документација за “Набавка на систем за автоматско гаснење пожар и централен мониторинг на ПП апарати во трафостаници”.

Од тие причини, се одлучи  постапката да се поништи уште пред нејзиното отворање така што не е добиена понуда од ниеден понудувач.

Поништувањето на постапката за набавка, нема да има никакви финансиски импликации врз работата на компанијата“.

 

Поврзани содржини