Понесете чадор, денеска ќе биде дождливо
Во Скопје ќе биде претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), поинтензивни електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 28 степени.