ПОМОШТА ЌЕ ИМ ИЗЛЕЗЕ НИЗ НОС?! Русија се заканува со „противмерки“ поради испораката на француски ракети во Украина

Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, со сериозни последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе нѐ принуди да преземеме противмерки - изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

1,032

Кремљ оцени денеска дека испораката на француски ракети со долг дострел за Украина, која ја најави Емануел Макрон е „грешка“ што ќе ја принуди Русија да преземе „противмерки“ во конфликтот во Украина.

– Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, со сериозни последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе нѐ принуди да преземеме противмерки – изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на првиот ден од Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, најави дека Франција ќе ѝ испорача на Украина ракети со долг дострел „Скалп“.

Крстосувачката ракета „Сторм Шедоу“, која француската војска ја нарекува „Скалп“, заеднички ја развиле Велика Британија и Франција, а се лансира од воздух.

Обединетото Кралство во мај најави дека ќе испрати ракети со долг дострел во Украина.

Поврзани содржини