Помош за сите бизниси во Куманово од градоначалникот Димитриевски и од Општината

На само еден месец од почетокот на пандемијата, градоначалникот заедно со Советот на општината изгласаа намалување на фирмарина од 6.000 денари на 4.000 денари - мерка која беше позитивно прифатена од бизнис секторот.

301

Со блиска соработка и слушање на потребите на бизнис заедницата од малите и средни претпријатија, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, уште на самиот почеток на пандемијата понуди помош и поддршка, чија цел беше помош и заштита на економијата во градот.

– Вратите на општината се отворени како за сите граѓани така и за бизнис заедницата, максимална помош и поддршка имаат сите бизнисмени во Куманово. Компаниите се токму тие кои плаќаат даноци и комуналии во општината од кои и самата се финансира со цел за реинвестиција на буџетот за инфраструктура, школство, хигиена со еден збор за поубаво и функционално Куманово – рече градоначалникот Димитриевски.






На само еден месец од почетокот на пандемијата, градоначалникот заедно со Советот на општината изгласа намалување на фирмарина од 6.000 денари на 4.000 денари – мерка која беше позитивно прифатена од бизнис секторот. Потоа се донесе и втората мерка за малите и средни претпријатија со која компаниите кои користат јавни уредени површини пред својот деловен простор (угостителски објект, тезги и др.) се ослободуваат од комунална такса за нивно користење.

Како дополнување на мерките градоначалникот Димитриевски за угостителските објекти обезбеди еднократна помош со средства за дезинфекција, ракавици и заштитни маски.

Покрај мерките кои беа преземени за малите и средни претпријатија, во Општина Куманово се формираа тимови за асистенција на ранливи категории граѓани. Општинскиот Штаб за заштита и спасување во соработка со Црвениот крст и со Армијата дистрибуираше над 4.000 пакети помош до социјално најзагрозените семејства вклучувајќи прехранбени производи, средства за хигиена и за дезинфекција.

Во изминатиот период беа дистрибуирани повеќе од 80.000 заштитни маски за граѓаните и институциите во Куманово.

Се воведоа редарски служби на повеќе локации во градот каде што имаше потреба, се вршеше дезинфекција на јавни површини, јавни институции, јавни простории и објекти, верски објекти, дезинфекција на заеднички простории и опрема во објекти за колективно домување, се поставија пунктови за дезинфекција на повеќе клучни места во градот, а се обезбедија и средства за дезинфекција за училиштата.

Тимовите за дезинфекција на Општина Куманово дополнително вршea аеросолизација со натриум хипохлорит и во општина Липково, а се вршеше дезинфекција и во кампот за мигранти во селото Табановце.

Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Куманово активно ја следи состојбата од самиот почеток на пандемијата и навремено делува со мерки и препораки согласно неговите надлежности.

Покрај сите предизвици кои ги донесе пандемијата, Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитириевски континуирано работат на подобрување на инфраструктурата во општината, решавање на комунални проблеми, реновирање на основни и средни училишта, сè со цел подигнување и одржување на квалитетот на живот на граѓаните во општината.

 

Поврзани содржини