Помор на риби во два рибника на Тиквешко Езеро, водата нема доволно кислород
Сопствениците на рибниците велат дека измереното ниво на кислород во водата е спуштено на алармантни 2 mg/L .Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород (4 до 5 mg/L) во нашите води, а кој е неопходен за опстојување и добра кондиција на рибата.
Производители на крап во кафезен систем на Тиквешко Езеро, „Златен крап“ и „Дошница“ информираат дека од вчера имаат голем помор на рибите. Сопствениците на кафезите велат дека во водата нема доволно количетво на кислород бидејќи акумулацијата има ниско ниво на вода поради забрзано празнење. За ота се информирани и институциите, а тие очекуваат брза реакција бидејќи целото производство им е загорземо.
– Целото производство од преку 120 тона ни е загрозено. Настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, но развојот на ситуацијата е сѐ уште неповолен – велат од „Златен крап“.
Тие велат дека е забележително катастрофално ниското ниво на акумулацијата поради нејзиното интензивно празнење, кое сѐ уште трае.
– Измереното ниво на кислород во водата е спуштено на алармантни 2 mg/L . Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород (4 до 5 mg/L) во нашите води, а кој е неопходен за опстојување и добра кондиција на рибата – велат засегнатите.
Двата рибника, како што велат сопствениците се точно над поранешното течение на Црна Река, и поморот на рибата се случува само на тој дел.
Тие велат дека до сега не е забележан помор на другите рибници, но ризикот секако постои. Тоа се случило пред неколку години на целата акумулација и тогаш беше уништено речиси 60-70% од производството на сите производители.
Од „Злартен крап“ велат дека со случајот е запозната Владата и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
– Уште во текот на вчерашниот ден, направен е увид од Ветеринарен инспектор, земени се мостри од водата од страна на ИЈЗ Кавадарци, а однесени се мостри од водата и примероци од угината риба во Агенцијата за храна и ветеринарство во Скопје на дополнителни анализи и испитувања. Заедно со овие наоди, случајот ќе биде пријавен и во Министерството за внатрешни работи – велат од „Златен крап“.