ПОМОГНЕТЕ Ѝ НА ЈОАНА ДА ЗАКРЕПНЕ Апел за донации за лекување на 6-годишно девојче

На веб страницата Whydonate.com објавен е апел за помош преку кој се повикуваат граѓаните да донираат кој колку може и сака за лекувањето на Јоана.  

282

Шестгодишната Јоана Танаскоска ја очекува долготрајно закрепнување во Америка откако добила крајно ретка воспалителна реакција по инфекција на грлото.

На веб страницата Whydonate.com објавен е апел за помош преку кој се повикуваат граѓаните да донираат кој колку може и сака за лекувањето на Јоана.






По она што изгледало како вообичаена стрептококна инфекција на грлото, 6-годишната Јоана добила крајно ретка воспалителна реакција.

Јоана е ставена под седативи и се лекува агресивно од невролошки синдром кој предизвикува напади кои се квалификуваат како епилептични.

„Сакаме родителите Митко и Христина во моментов целосно да се фокусираат на своето дете додека тоа прима медицинска помош. Исто така, знаеме дека Јоана ја чека долг пат до закрепнување откако нападите ќе бидат ставени под контрола, што ќе вклучува голем број различни терапии. Ве молиме помогнете ѝ на Јоана и на нејзиното семејство да биде максимално посветено на овој процес додека поминува низ оваа ситуација“, се наведува во апелот за помош објавен на Whydonate.com.

Граѓаните може да донираат на следниов линк.

Поврзани содржини