ПОМОГНЕТЕ МУ НА ГОЦЕ ДА ГО ОБНОВИ ДОМОТ! Куќата му изгорела во пожар, му треба речиси сѐ

1,051

Гоце Здравковски од Свети Николе бара помош од компании или граѓани кои би можеле да му помогнат да изгради нов дом откако куќата му изгорела во пожар пред 2 години.

– Немам ни тоалет, ни фрижидер. Никакви услови за живот. Пред две години куќата се запали од греалка и речиси сѐ ми изгоре. Среќа имав што преживеав, но останав со потешкотии во дишењето поради вдишаниот чад – вели Гоце кој работи како чувар, но со платата вели дека не може да постигне да го обнови домот и да си овозможи пристоен живот.






Вели дека сѐ уште има трауми од пожарот и дека поради тој стрес има проблем и со спиењето.

По пожарот му помогнале граѓани кои му донеле тросед, шпорет, телевизор, но тој вели дека наскоро можеби ќе остане и без струја зашто му се натрупале неплатените сметки.

 


Гоце Здравковски од Свети Николе

– Ми помогна Општина Свети Николе со 3.000 денари еднократна помош и со 30.000 денари за материјал, но за жал тоа не е доволно. Купив мрежи и железо, најдов луѓе што ќе работат бесплатно, но ми фали уште материјал – вели Гоце и замолува кој може на каков било начин да му помогне пред почетокот на зимата.

А му треба речиси сѐ од домаќинство, градежен материјал и облека.

Неговата сметка во Халк банка е 270700000999437, а адресата е ул. Карпошова бр.25, Свети Николе. Неговиот телефонски број е 077/925-677.

Поврзани содржини