ПОМОГНАЛЕ ДА СЕ ИСКОПА ТУНЕЛОТ, ПА СЕ СУСПЕНДИРАНИ Кои и колку вработени директорот на „Идризово“ ќе ги открие по обвинителниот акт
Директорот на Индризово за Максфакс изјави дека ќе ги објави имињата на суспендираните вработени откако ќе се отвори обвинителен акт.
Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски во интервју за Макфакс тврди дека биле суспендирани вработени во казнено-поправната установа поради ископаниот тунел.
– Има суспендирани, но не можам да кажам за колку вработени станува збор и други детали. Истрагата е во тек, се работи на расчистување на случајот – кажа Јовановски.
Тунелот во затворот „Идризово“ беше откриен пред еден месец, а МВР соопшти дека за него дознале два месеци претходно.
Во копањето учествувале најмалку осум затвореници осудени за сериозни кривични дела.