📽️ ПОМЛАДИОТ БРАТ ПАДНА ОД МОТОР, ПОСТАРИОТ ТРИУМФИРАШЕ Маркез ја освои Големата награда на Холандија
Трката ја обележа судирот меѓу Алекс Маркез (Гресини Рејсинг) и Педро Акоста (КТМ), по што помладиот Маркез беше префрлен на лекарски третман со скршеница на левата рака.
Алекс Маркез заврши со скршена рака по судир во шестиот круг на трката во Асен, но неговиот постар брат Марк блесна на патеката и стигна до шеста победа сезонава во Мото ГП. Возачот на Дукати триумфираше на Големата награда на Холандија и го зацврсти водството во генералниот пласман.
Ова беше 94. победа за Маркез во сите категории, со што останува зад легендите Џакомо Агостини (122) и Валентино Роси (115). Претходно сезонава веќе победи и девет пати во спринт трки, со што неговата форма делува недостижна за ривалите.
На подиумот му се придружија Марко Бечеки од Априлија и Франческо Бања од Дукати, кои завршија втор и трет. Трката ја обележа судирот меѓу Алекс Маркез (Гресини Рејсинг) и Педро Акоста (КТМ), по што помладиот Маркез беше префрлен на лекарски третман со скршеница на левата рака.
На легендарната патека во Асен, Маркез уште еднаш потврди дека неговата сезона има темпо кое никој не може да го следи.
DRAMA! @alexmarquez73 crashes out of podium (and potentially victory) contention 😱💔#DutchGP 🇳🇱 pic.twitter.com/rPnhra3DVk
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 29, 2025