Поминав една година во вселената: Имам неколку совети како да ја преживеете изолацијата

817

Астронаутот на НАСА, Скот Кели поминал 340 дена во вселенски брод каде што бил изолиран од пријателите и од семејството.

Ева как научил да ги решава проблемите на осаменост во текот на работата и животот во лабораторијата која кружи над Земјата.






Правилно распоредете го денот

Обидете се да се држите до распоредот за секој ден доволно да работите, спиете, а важно е и да вежбате. Ако работите од дома, важно е да го почитувате работното време. Работата ќе ве чека и утре.

Најдете си ново хоби или вратете му се на старото

Времето мора да го исполните со некое ново хоби. Одете на онлајн курсеви за странски јазици, искористете го слободното време. Или научете да свирите музички инструмент. Тоа е добро за развивање на мозокот, здравјето, па дури и за продуктивност.

Закажете видеосредби со пријателите и со семејството

Исклучително е важно да бидете во контакт со блиските кога веќе физички не можете да ги видите. Многу истражувања укажуваат дека тоа е добро за менталното здравје и за зачувување на силни социјални врски.

– Никогаш не пропуштив можност да имам видеоповик со семејството и со пријателите. Го обожувам тој дел од денот – заклучува Кели.

Поврзани содржини