ПОМИНА ВРЕМЕТО КОГА КРИМИНАЛЦИТЕ ГО ИМАА ГЛАВНИОТ ЗБОР Криминалот и корупцијата немаат етничка припадност

Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина, соопшти Вреди.

333

Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие  настани се минато, соопшти Вреди.

„Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи Владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат. Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина. Коалицијата Вреди и Владата сега станаа синоним за борба против криминалот и корупцијата. Неодамнешните апсења на криминални групи се јасен доказ дека државните институции преземаат важни чекори кон исполнување на нивните заложби за гарантирање на безбедноста и правдата. И од финансиската полиција се поднесени 5 кривични пријави против лица поврзани со институција со која раководеше ДУИ нон грата, поточно Бирото за метрологија. Заложбата на Владата им гарантираше и им даде слобода на институциите за спроведување на законот да дејствуваат и да апсат криминалци и повеќе да не дозволуваат нивните активности како што правеа досега. Ги информираме граѓаните дека ова е процес кој бара време и континуирана посветеност“, се вели во реакцијата.






Продолжуваме да останеме посветени и одлучни во борбата за општество ослободено од криминалот и корупцијата, граѓаните да се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот и да имаат целосна доверба во државните институции, наведено е во соопштението.

„Вреди е гаранција за стабилност и безбедност. Вреди е иднината на Албанците“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини