🎥 ПОМЕЃУ СТЕВО И ИФТАР, КОВАЧЕВСКИ ИЗБРА ИФТАР Лидерот на СДСМ не се појави на првиот митинг на Пендаровски во Прилеп

Изненадувачки, првиот митинг на претседателот траеше само дваесетина минути и на него покрај претседателот Стево Пендаровски се појави единствено пејачката Кристина Арнаудова која отпеа една песна на почеток и една на крај.

1,331

Без претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа помина првиот предизборен митинг на претседателот Стево Пендаровски кој се одржа во Прилеп.

Наместо да го поддржи својот претседателски кандидат, Ковачевски одлучи да присуствува на ифтарска вечера во Сарај.






Изненадувачки, првиот митинг на претседателот траеше само дваесетина минути и на него покрај претседателот Стево Пендаровски се појави единствено пејачката Кристина Арнаудова која отпеа една песна на почеток и една на крај.

„Ми беше чест што вечерва присуствував на Ифтарската вечера на која што домаќин беше општинската организација на СДСМ Сарај. Рамазан е месец на обнова на душата и телото, шанса да се согледа и прифати вредното. Ифтарските вечери се можност за охрабрување и негување на нашата заедница, повод за обединување, за зближување со семејството и со пријателите. – напиша Ковачевски на Фејсбук во истиот момент додека Пендаровски говореше на сцената во Прилеп.

Поврзани содржини