ПОМАЛКУ ЗБОРУВАЊЕ, ПОВЕЌЕ АКЦИЈА ВО ПРАВОСУДСТВОТО Агелер го охрабрува Мицкоски да се покаже на дело

Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството, порача американската амбасадорка, нагласувајќи дека задржувањето на фокусот на јавни изјави не ги решава системските проблеми.

187

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 остро се осврна на состојбата во правосудниот систем, но и на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Обвинителството.

Агелер потсети дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата.






– Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството – порача Агелер, нагласувајќи дека задржувањето на фокусот на јавни изјави не ги решава системските проблеми.

Таа појасни дека, иако премиерот не треба директно да избира обвинители, има политичка одговорност да обезбеди функционален систем.

– Политичарите зборуваат за многу работи – тоа е дел од нивната улога. Но на крајот, кога се гледаат резултатите, се заклучува дека има застој – додаде Агелер.

Амбасадорката истакна дека ја охрабрило неодамнешното апсење поврзано со злоупотребите на ИПАРД-фондовите, но нагласи дека одговорноста не може да се сведе само на една личност.

– Инвестиравме многу години и многу пари. Сега луѓето од оваа држава и оваа влада треба да се покажат на дело – порача таа, додавајќи дека токму институциите треба да бидат двигателот на реформите, а не политичките препукувања.

Поврзани содржини