ПОМАЛИОТ СИН НА МИЦКОСКИ МЕЃУ ЗАТРУЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ВЛАЕ Пуштен е на домашно лекување
Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџидимов“. И тоа беше беше меѓу хоспитализираните деца, но сега е пуштено на домашно лекување. Им посакуваме на сите деца од училиштето кои добија труење од храна што поскоро да оздрават, да им помине и да се вратат назад на училиште, изјавила портпаролката на Владата.
Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу затруените ученици со храна во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, потврди за СДК Марија Митева, портпаролката на Владата.
Тој и соучениците се чувствуват подобро.
– Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџидимов“. И тоа беше беше меѓу хоспитализираните деца, но сега е пуштено на домашно лекување. Им посакуваме на сите деца од училиштето кои добија труење од храна што поскоро да оздрават, да им помине и да се вратат назад на училиште – изјавила портпаролката на Владата.
Околу 40 ученици од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае во Општина карпош се пожалиле на стомачни болки, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Кујната во училиштето е привремено затворена додека ќе се спроведе епидемиолошка анкета, а ќе бидат земени мостри од инкриминирана храна, работни површини, прибор и машини за лабораториско тестирање, рекоа од Агенцијата.
Вонредни инспекции денеска во училиштето извршија АХВ во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје.