„ПОМАГАЈТЕ, МЕЧКИ ЌЕ НЀ ИЗЕДАТ“! Галичани очајно бараат помош од надлежните, но одговор нема
Мечките се веќе толку одомаќинети, се пресретнуваме на арфалт, ни се појавуваат наутро во двор и слободно шетаат неколку семејства со мали мечиња. Ги превртуваат контејнерите, ѓубре има насекаде, велат жителите на селото.
Жителите на Галичник веќе со години имаат секојдневни средби со мечки, за кои како што велат, нивниот број постојано се зголемува и поради тоа се загрижени за својата безбедност.
Оттаму информираат дека повеќе пати официјално побарале помош од Министерството за животна средина и до Државниот инспекторат за ловство преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот.
„Ве информираме дека со пристуството на мечки во Галичник е загрижувачка, а веќе станува збор за неколку „семејства“ со мали мечиња. Галичник особено живее за време на летните месеци, каде што присутни се и повеќе дечиња, но поради појавата на мечки, жителите стравуваат за нивната безбедност, па движењето низ селото, но и во околината, па поради тоа апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, пишува во дописот.
Во дописот посочуваат дека секоја година проблемот е се поголем, мечките се шетаат со своите мечиња.
– Мечките се веќе толку одомаќинети, се пресретнуваме на арфалт, ни се појавуваат наутро во двор и слободно шетаат неколку семејства со мали мечиња. Ги превртуваат контејнерите, ѓубре има насекаде – велат жителите на селото.
Тие потенцираат дека има страв кај населението и бараат во најбрз можен рок да се преземат мерки и активности, но никако не бараат дозвола за отстрел и инсистираат то да биде последна опција за решавање на проблемот.