ПОМАГА ПРИ СЛАБЕЕЊЕ, НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТОКСИНИТЕ Кардамом во служба на здравјето

Третиот најскап зачин на светот е најприсутен во индиската кујна, но се употребува и водругиот дел од светот, па така на пример, Швеѓаните го ставаат во пудинг од јаболка, а Норвежаните во хамбургери и колбаси. Во служба на здравјето може да се користи за различни намени

913

Кардамомот припаѓа во семејството на ѓумбирот, а денес е најприсутен во индиската кујна. Во Индија се става во чај со млеко и во топло чоколадо, а го мешаат и со кари. Но, многу брзо се рашири низ целиот свет: Швеѓаните го ставаат во пудинг од јаболка, а Норвежаните во хамбургери и колбаси!Можете да го користите за различни намени, бидејќи е одличен за вашето здравје.

Ајурведската медицина го користи за лекување на астма. Има лековити својства за респираторни нарушувања и алергии.






Корисно е во случаи на чир, пречки со варењето и депресија. Овој зачин со вкус на лимон е предмет на истражувања, кои покажуваат дека кардамомот е вреден додаток во секојдневната исхрана.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини