ПОЛУСЕСТРАТА НА КЕЈТ МОС ГО СПОРЕДИ СЕКСОТ СО МИЕЊЕТО ЗАБИ Сите го прават тоа наутро

Лоти нагласи дека ужива во својата сексуалност и дека затоа со леснотија ги покажува своите разголени облини на социјалните мрежи.

625

Полусестрата на супермоделот Кејт Мос, Лоти Мос, често ја интригира јавноста со разголени фотографии, но неодамна отиде чекор подалеку со изјавата дека за неа сексот е исто како и миењето заби.

Атрактивната 23-годишна девојка, која е во врска со музичарот Тристан Еванс од групата „Вамп“, за медиумите изјави дека тие двајца имаат секс секое утро.






Имено, Лоти нагласи дека ужива во својата сексуалност и дека затоа со леснотија ги покажува своите разголени облини на социјалните мрежи.

– Да, работам на OnlyFans и чувствувам дека тоа е окарактеризирано како нешто валкано и одвратно, но сексот е одлична работа. Тоа би требало да биде забавно и лесно и добра тема за разговор. Сите го прават, па зошто толку многу се срамиме од тоа? – рекла таа за „Сан“.

„Тоа е нешто што секој го прави наутро. Кога ќе се разбудат, сите ги мијат забите и сите имаат секс. Не во исто време… добро, можеби и да! Зависи од положбата. Многу сум позитивно настроена кон интимноста“, додала таа.

Контроверзната убавица минатата година призна дека може да чувствува привлечност кон сите полови идентитети и полови, како и дека секому кому тоа не му одговора му ја покажува вратата.

„Луѓето со кои излегувам секогаш го прифаќаат мојот избор, а ако не – знаат каде е вратата“, нагласила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини