ПОЛСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ПАДНАЛ ОД 4 КАТ ВО САРДИНИЈА Во собата бил со колега

539

Полски градоначалник почина откако падна од прозорец на четврти кат на хотел во Сардинија, Италија, јави денеска АНСА.

Како што пренесува италијанската агенција, 44-годишниот градоначалник престојувал со својата делегација во официјална посета на Сардинија.






Несреќата се случила ноќта меѓу понеделникот и вторникот, околу два часот во хотелот „Дју Колон“, во историскиот центар на градот.

Според полицискиот извештај, градоначалникот бил во собата со колега и изгубил рамнотежа додека седел на прозорецот и паднал од височина поголема од десет метри.

Полициските службеници ја отфрлија можноста за напад, велејќи дека падот е резултат на несреќа.

Поврзани содржини