Автобус со полски регистерски таблички во утрово доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Загреб-Горичан. Најмалку 11 лица загинале на лице место, потврди полицијата за Јутарњи лист.
Според неофицијални информации, повредени се 34 лица.
Според информации од КБЦ Загреб, кај нив биле донесени 6 пациенти, за жал еден од нив починал по обид за реанимација. Едниот пациент има тешка скршеница на потколеницата и моментно е на операција, донесена е тинејџерка со контусирано белодробно крило, додека другите тројца пациенти имаат скршеници, но не им е потребна операција.
Според првите информации, автобусот околу 5:30 часот слетал на потегот од Брезнички Хум до Комин, во правец кон Загреб.
Засега нема официјални информации за околностите во кои се случила несреќата, неофицијално, возачот заспал на воланот.