ПОЛСКАТА ВОЈСКА УБИЛА 240 МИГРАНТИ? Одбегнатиот војник открива морничави детали за делувањето на неговата армија
Во текот на истрагата на кривичната постапка, Емил Чечко кажа дека од 8 јуни во 2021 година заедно со своите колеги, учевствувал во организирани убиства во пограничниот дел кај селото Семјановка. Тој е запознат со убиства на 240 луѓе, се вели во соопштението на комисијата.
Војската на Полска убила најмалку 240 мигранти во пограничниот регион со Белорусија, тврди одбегнатиот војник Емил Чечко.
Чечко сведочеше пред белоруската истражна комисија, каде ги изведе наводите за организирано елеминирање на мигрантите кои од Белорусија се обидуваат да влезат во Полска.
– Во текот на истрагата на кривичната постапка, Емил Чечко кажа дека од 8 јуни во 2021 година заедно со своите колеги, учевствувал во организирани убиства во пограничниот дел кај селото Семјановка. Тој е запознат со убиства на 240 луѓе – се вели во соопштението на комисијата.
Чечко е приведен на 16 декември на самата граница, кога побара политички азил од Белорусија, поради несложувањето со миграциската политика на својата земја и нехуманото однесување кон бегалците. Чечков истакна и дека бил приморан да пука од огнено оружје во мигрантите.
Во Полска е издадена потерница против него поради дезертерство, а доколку излезе некогаш пред судот на неговата земја, тој ќе се соочи со максимална каза од 10 години затвор.