📽️„ПОЛСКА ЗА ПОЛЈАЦИТЕ“ Десницата одржа антиимигрантски протести во 81 град

Протестит е беа релативно мирни. Но, во Варшава, полицијата мораше да интервенира кога крајно десничарски хулигани поврзани со фудбалскиот тим Легија Варшава нападнаа група контрадемонстранти.

97

Илјадници луѓе се собраа денеска во Варшава и 80 други градови во Полска за да протестираат против приемот на мигранти, објави ДПА. Митинзите беа организирани од крајно десничарската коалиција „Конфедерација“.

Демонстрантите скандираа „Стоп на имиграцијата!“ и „Стоп на имиграциската инвазија“ и држеа транспаренти на кои пишуваше: „Ова е Полска“ и „Полска за Полјаците“.






Антимуслимански и антисемитски симболи беа забележани меѓу толпите за време на протестите.

Имаше и контрадемонстранти во неколку поголеми градови.

Протестите беа релативно мирни. Но, во Варшава, полицијата мораше да интервенира кога крајно десничарски хулигани поврзани со фудбалскиот тим Легија Варшава нападнаа група контрадемонстранти.

Конфедерацијата е позната по својата реторика против странците, ЛГБТ лицата и ЕУ. Политичката сила има членови и во полскиот парламент и во Европскиот парламент. На претседателските избори во Полска претходно оваа година, кандидатот на „Конфедерација“ се најде на третото место, а нова анкета за новинскиот портал „Онет“ покажа дека над 30 проценти од испитаниците би го поддржале учеството на „Конфедерација“ во идната владина коалиција.

Поврзани содржини