ПОЛСКА СТАНА НАЈГОЛЕМ ВОЕН ПОДБУЦНУВАЧ ВО ЕУ, ВЕЛИ ОРБАН Полјаците се уморни, Украина кубури со пари

Заедно со Манфред Вебер, тој (полскиот премиер Доналд Туск) стана еден од најгласните поттикнувачи на војна во Европа - но неговата воена политика не успева: Украина останува без европски пари, а полскиот народ е уморен од војната. Тој не може да го промени курсот бидејќи ја претвори Полска во вазал на Брисел, напиша премиерот на Унгарија Виктор Орбан на социјалните мрежи.

1,086

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека неговиот полски колега Доналд Туск станал „еден од најгласните поттикнувачи на војна во Европа и дека ја претворил Полска во „вазал на Брисел“.

Одговарајќи на објава на Туск, во која Тукс рече дека Орбан изградил  авторитарен режим по терк на Москва, Орбан напиша дека воената политика на Туск „не успева со оглед на тоа што Украина остана без европски пари, додека Полјаците се уморни од војната“.






Тој оцени дека затоа Туск „почна уште еден напад врз Унгарија“.

„Тој го прави ова затоа што е во големи проблеми дома. Неговата партија ги загуби претседателските избори, неговата влада е нестабилна. Заедно со Манфред Вебер, тој стана еден од најгласните поттикнувачи на војна во Европа – но неговата воена политика не успева: Украина останува без европски пари, а полскиот народ е уморен од војната. Тој не може да го промени курсот бидејќи ја претвори Полска во вазал на Брисел“, наведува Орбан, на социјалните мрежи.

Орбан додаде дека Туск „сега е во паника“, ги прогонува своите политички противници и го критикува антивоениот став на Унгарија во обид да го одвлече вниманието од неговите домашни проблеми.

„Толку е тажно. Историското пријателство меѓу Унгарија и Полска заслужува подобро. Не можам и нема да го поддржам военото поттикнување на Туск. Унгарија следи поинаков пат – патот на мирот. Унгарскиот народ одбива да стане вазал на Брисел. Време е Туск да го прифати тоа и да си ја заврши работата“, рече Орбан.

Претходно, Туск за Орбан го напиша следното:

„Знаете, не сакам да ја именувам оваа земја бидејќи е членка на ЕУ и НАТО. Но, тоа е поранешна комунистичка земја која се справуваше многу подобро од Полска во 1989 година. Денес, таа земја многу опадна. А главната причина? Мојот долгогодишен пријател Виктор Орбан, некогаш проевропски либерален демократ, одеднаш одлучи дека би било подобро да се изгради авторитарен модел донекаде по примерот на Русија. Се чини дека во последно време е фасциниран од Москва“.

Поврзани содржини