ПОЛСКА ПРОТЕРУВА 45 РУСКИ ДИПЛОМАТИ Наместо со дипломатија се занимавале со разузнавање

Тоа се луѓе кои работат под дипломатски статус, но всушност вршат разузнавачки активности против Полска, велат од полската агенција за внатрешна безбедност.

319

Полската агенција за внатрешна безбедност подготви список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побара нивно протерување од земјата, изјави портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби Станислав Зарин.

– Тоа се луѓе кои работат под дипломатски статус, но всушност вршат разузнавачки активности против Полска – рече Зарин.






Тој додаде дека на оваа листа, која е предадена на Министерството за надворешни работи, има вработени во руските специјални служби, како и лица кои соработуваат со нив.

Владиниот портпарол изјави дека рускиот амбасадор е повикан во Министерството за надворешни работи и по средбата ќе бидат објавени одлуките за понатамошните чекори.

Поврзани содржини